Bloog-big
Eye-Light
 
Што претставува Eye-Light® третман за суво око?
Еye-Light® е револуционерно решение во третманот на суво око. На безболен начин, користејќи IPL технологија, ја стимулира работата на жлездите кои се одговорни за лачење на липидниот дел од солзниот филм. Ова доведува до стабилизирање на солзниот филм и подолго задржување на солзите на површината на окото.
Eye-Light® истовремено ги третира долните и горните капаци на очите. Претставува неинвазивен третман, за кој дури и не е потребно нанесување на гел за време на траење на самиот процес, благодарение на патентираниот и уникатен модул за ладење.
Освен за синдром на суво око, Eye-Light® третманот се користи и кај пациентите по направена операција на катаракта, рефрактивна операција, халазион, блефаритис, како и кај пост-блефаропластика.
• Како се изведува третманот со Eye-Light®?
Пред секој третман се прават посебни дијагностички испитувања за да имаме евиденција во состојбата и степенот на сувост на очите, а со тоа да можеме и да го евалуираме резултатот од самиот третман. Овие дијагностички испитувања траат кратко и се доста удобни и безболни за пациентот.
Третманот е целосно автоматизиран и започнува со само 5 безболни светлосни снимки (OPE/IPL) околу окото и на долниот очен капак, со што се предизвикува контракција на крвните садови, а со тоа се зголемува протокот на крв и се зголемува лачењето на антиинфламаторни цитокини.
Потоа следува третман со Meibomask®, кој е исто безболен третман и трае само 15min. Со овој третман се врши директна активација на Meibomian-овите жлезди, ЛЕД-матрицата предизвикува создавање на ендогена топлина и производство на ATP во очните капаци, се отстранува блокадата на жлездите и липидите го комплетираат составот на солзниот филм. Со подобреното присуство на липиди се спречува брзото испарување на солзите. Резултатите се видливи за пациентот уште по само првиот третман!
Parasol® punctal occluder

ШТО Е PARASOL® PUNCTAL OCCLUDER?
Како што сугерира името, овие уреди го оклудираат (блокираат) пунктомот, или солзаниот канал, којшто е дренажен канал што ги извлекува солзите од површината на окото. Во внатрешниот агол на секое око има горен и долен канал. Блокирањето на овие дренажни канали ги спречува солзите да се исушат премногу брзо. Постапката може да се спореди со поставување на затворач во дренажните канали, со што солзите на површината на очите се задржуваат подолго време. Оваа широко спроведенувана процедура е безбедна, брза, безболна и целосно реверзибилна.
Оклудерите се направени од многу мек флексибилен силикон, сличен на оној што се користи во контактните леќи. Иако се едвај видливи со голо око, тие внимателно се произведуваат во исклучително мазен и прецизен дизајн.
ЗОШТО ДА ПОБАРАТЕ PARASOL® PUNCTAL OCCLUDER?
Parasol® Punctal Occluder е лидер во третманот на суво око, поради неговиот уникатен патентиран дизајн којшто овозможува лесно, безболно вметнување и удобно, безгрижно прилагодување. Одличната стапката на задржување значи дека е дизајниран да остане на своето место и квалитетно да работи на олеснување на симптомите на суво око.
Parasol® Punctal Occluder е еден од најнапредните достапни уреди. Неговиот уникатен, патентиран облик е лесен за вметнување, бидејќи автоматски се прилагодува на отварањето на дренажниот солзен канал на пациентот.
Освен тоа, напредниот дизајн овозможува вистинско прилагодување кое, пак, значи поголема удобност на пациентот. Parasol® Punctal Occluder исто така може да ја намали или да ја елиминира главната причина за непријатност за многу носители на контактни леќи или оние кои не можат да толерираат контактни леќи.

 

Rexon-Eye
 
Rexon- eyе врвен, неинвазивен и траен третман за сите форми на суво око. Работи со примена на електрични полиња со ниска моќност со висока фреквенција, способни за стимулирање на метаболизмот и природна регенерација на клетките. Терапијата со Rexon-Eye успешно работи за сите типови на суво око. Придобивките за пациентот започнуваат веднаш по третманот и се покажа дека се долгорочни. Самиот третман е пријатен и релаксирачки.
КАРАКТЕРИСТИКИ
• Терапијата се состои од 4 сесии за третман од по 20 мин, со интервал од една седмица.
• Третманот се изведува со контактна електрода вградена во маска, која ја носи пациентот со затворени очи.
• Поставувањето и употребата на инструментите се многу едноставни.
• Третманот е пријатен, комфорен и релаксирачки за пациентот.
 
ПРИДОБИВКИ
• Терапијата со Rexon-Eye успешно работи за сите типови на суви очи.
• Третманот резултира со придобивки , како и долгорочни бенефиции за пациентот, што е потврдено со субјективни како и објективни мерења (на пример, TBUT, продукција на солзи).
• Ефикасноста на Rexon-Eye во третирањето на синдромот на суво око е силно клинички докажана (Pedrotti E. et al., Br J Ophthalmol 2017).