Bloog-big
Дефиниција

Синдром на суво око претставува хронична, мултифакториелна, прогресивна состојба која се манифестира како недостаток на лачење на доволно количество солзи или пак постојат промени во нивниот квалитет. Сето ова резултира со недоволна влажност на очите. Иако не секогаш може да се отстрани причината која доведува до појава на овој синдром, сепак поликлиниката Промедика Офталмологија има решение за третман на сувото око.

 

Причини за појава на суво око

Современиот начин на живот кој вклучува подолга работа пред компјутер, возење автомобил, изложување на вештачки извори на светлина, носење контактни леќи, како и климатизацијата ја зголемува можноста за појава на синдромот на суво око.
Синдромот на суво око може да се појави на било која возраст, но сепак најчесто се среќава кај луѓето над 50 годишна возраст.

 

Симптоми на суво око

Симптомите вклучуваат чувство на пецкање, печење, чувство на песок или туѓо тело во очите. Сувото око исто така може да доведе до чувство на непријатност и замор поради иритација и оштетување на солзниот филм. Во зависност од степенот на суво око, симптомите можат да бидат болка (главоболки) и чувствителност на светлина.

 

Третман

Денес на пазарот постојат голем број на достапни вештачки солзи од различни производители и со различен состав. Пред да се земат било какви вештачки солзи на своја рака, треба да се направи преглед кај офталмолог за да се утврди точно кој слој од солзниот филм го нема или е со намален квалитет, па со тоа ќе се утврди и точниот состав на вештачките солзи кои би можеле да помогнат во конкретниот случај.
Многу често кај пациентите кај кои симптомите на суво око траат подолг период, капките за суво око имаат минимален или никаков ефект во смирувањето на иритирачките симптоми. Тогаш потребно е да се направат дополнителни испитувања кај офталмолог и во зависност од причината која доведува до појава на симптомите да се одбере и соодветен третман.