Bloog-big
Дефиниција

Амблиопија (или мрзливо око) е слабовидост што обично се презентира само на едното око. Се развива кога има дефект во заедничката работа на мозокот и окото, па мозокот не го препознава видот од едното око. Со тек на време, мозокот се повеќе се потпира на другото, посилно око - додека видот во послабото око се влошува.
Се нарекува „мрзливо око“ затоа што посилното око работи подобро. Но, тоа не значи дека луѓето со амблиопија се мрзливи, тие едноставно не можат да го контролираат начинот на кој работат нивните очи.
Амблиопијата започнува во детството и тоа е најчеста причина за губење на видот кај децата. Во просек 3 од 100 деца имаат амблиопија. Добрата вест е дека раниот третман функционира и обично спречува долгорочни проблеми со видот.

 

Причини за појава на амблиопија
Во повеќето случаи не се знае точната причина зошто се појавила амблиопија кај детето. Но, понекогаш различен проблем со видот може да доведе до појава на амблиопија.
Нормално мозокот користи нервни сигнали од обете очи за да гледа. Но, ако состојбата на окото доведува до полош вид на едното око, тогаш мозокот пробува да работи без него. Почнува да ги исклучува сигналите кои доаѓаат од послабото око и се потпира само на посилното око. 
Некои од состојбите кои може да доведат до појава на амблиопија се:
• Рефрактивни грешки; 
Овде се вбројуваат вообичаени проблеми со видот, како кратковидост (проблем со гледање на далечина), далекувидост (проблеми со гледање на близина) и астигматизам (што доведува до заматен вид). Нормално, овие проблеми се решаваат со носење очила или контактни леќи. Но, доколку останат нетретирани, мозокот може да почне да се потпира повеќе на окото со посилен вид.
• Страбизам;
Обично, очите се движат заедно како пар. Но, кај децата со страбизам очите не се синхронизирани во нивните движења. Едното око може да се подместува повеќе кон внатре, кон надвор, нагоре или надолу. 
• Катаракта;
Катарактата претставува заматување на природната леќа на окото, при што видот станува заматен. Обично катарактата се појавува кај постари луѓе, но постојат и видови на катаракта кои може да се појават и кај бебиња и деца. 
Некои деца се родени со амблиопија, а други ја развиваат подоцна во детството. Шансите за амблиопија се поголеми кај децата кои:
• Предвремено се родени
• Родени се со помала од просечната тежина
• Имаат семејна историја на амблиопија, катаракта во детство или други состојби на окото
• Имаат пречки во развојот
Симптоми
Симптомите на амблиопија тешко може да се забележат. Децата со амблиопија може да имаат слаба перцепција на длабочина - тие имаат проблем да кажат колку е близу или далеку нештото. Родителите исто така може да забележат знаци дека нивното дете се бори јасно да гледа, како:
• Кривогледост
• Затворање на едното око
• Навалување на главата
Во многу случаи, родителите не знаат дека нивното дете има амблиопија се додека докторот не ја дијагностицира за време на офталмолошки преглед. Затоа е важно сите деца да направат скрининг на видот барем еднаш на возраст од 3 до 5 години.
Третман

Како дел од нормалниот офталмолошки преглед кај детето, докторот исто така ќе ги провери и знаците за присуство на амблиопија. Затоа на сите деца на возраст од 3 до 5 години треба да им се провери видот кај офталмолог барем еднаш. 
Колку порано се откријат знаците за присуство на амблиопија, толку се поголеми шансите за нејзин третман. 
Промедика Офталмологија е единствената клиника која располага со најновиот апарат за третман на амблиопија, наречен Амблиокор-01-3. Третманот со овој апарат е забавен по природа, без можност за појава на несакани ефекти и со докажан ефект, како кај деца, така и кај возрасни. 
Затоа информирајте се повеќе за ваквиот вид на третман и закажете навреме  преглед во Промедика Офталмологија:
 Адреса: Ул. Св. Кирил и Методиј бр.50
Телефон: 02 3122 120 / 071 301 301
E-mail: promedikaoftamologija@gmail.com
Ве очекуваме!