Bloog-big
SLT ласерска интервенција
Интервенција со SLT ласер кај глауком со отворен агол и Ласерска иридотомија кај глауком со затворен агол и секундарен глауком.
Постапка при лекување со SLT ласер: третманот се започнува со капење на два вида капки, анестетички капки и капки за стеснување на зеница. По стеснување на зеницата и при почеток на дејство на анестетикот низ посебна лупа која е припиена за окото се одвива третманот. Лекувањето со SLT е амбулантска неинвазивна метода која трае 10-15 минути по око. По третманот пациентот заминува дома, окото не се затвара и првата контрола е по 2 недели. По овој третман сите животни активности се со ист тек како и претходно, нема никакви ограничувања. Пациентот продолжува со користење на антиглаукоматозната терапија до првата контрола по SLT ласер (по 2 недели) и на тој преглед се одредува дали се продолжува или се прекинува терапијата.
Можни компликации од третманот се:
o Благо воспаление
o Благо крварење во предната очна комора
o Краткотраен покачен интраокуларен притисок
Хирургија на глауком
Хируршка интервенција е индицирана кога ни лековите ни ласерот не можат да го намалат интраокуларниот притисок.
• Филтрациона хирургија.
Со хируршка процедура наречена трабекулектомија, се прави алтернативен отвор на склерата на окото за истекување на очната водичка (филтрационо перниче) и се отстранува дел од трабекуларната мрежа. Потребно е да се прават редовни контроли за да не настане облитерација. 
• Хирургија со вградување на дренажни цевчиња
– Се вградуваат посебни цевчиња низ кои ќе истекува очната водичка, а со тоа ќе се намали притисокот во окото. 
Глаукомот е хронична и бавнопрогедирачка болест. Претставува економски и социјален проблем кај населението. Доколку се открие и се почне со лекување на време, нема да доведе до загрозување на видот и квалитетот на животот на пациентите и нема да доведе до појава на најтешката компликација од истата – губиток на видот и слепило.