Bloog-big
Дефиниција
Познавањето на значењето на оваа болест е првиот чекор за заштита на видот.
Глауком е опасна болест, што доведува до постепено губење на видот доколку не се превенира. Во раните фази на болеста, обично нема симптоми.
Статистички, половина од луѓето со глауком се генерално несвесни дека го имаат.
Губењето на видот е предизвикано од оштетување на оптичкиот нерв.
Овој нерв е одговорен за пренос на сликата што ја гледаме од нашето око до мозокот.
Лековите или операцијата може да го спречат или забават губењето на видот.
Раното откривање е најважно во стопирање на прогресијата на болеста.
Постојат два основни типа на глауком:
• Глауком со отворен агол
• Глауком со затворен агол
Видови на глауком
ПРИМАРЕН ГЛАУКОМ ИЛИ ГЛАУКОМ СО ОТВОРЕН АГОЛ
Ова е најчестата форма на глауком. Се појавува кога одводните канали во очите со тек на времето се инсуфициентни, па внатрешниот очен притисок расте бидејќи нормалниот истек на очната водичка не може да се дренира надвор од окото.
Кај овој тип на глауком, изливањето на очната водичка во дренажните канали се одвива непречено и обично нормално функционира. Проблемот најчесто е во внатрешноста на дренажниот канал.
Нема симптоми и нема предупредувачки сигнали.
Ако овој тип на глауком не се дијагностицира и третира со текот на времето, тоа може да доведе до прогресивно губење на видот.
Обично оваа болест се развива полека и без некои забележителни промени во очите. Капките за овој вид глауком добро функционираат, особено ако болеста започне да се третира рано.
ГЛАУКОМ СО ЗАТВОРЕН АГОЛ
Овој тип на глауком настанува кога дренажните канали се блокирани така што дренажата на очната водичка е отежната или целосно стопирана.
Кај овие болни, ирисот или шареницата го блокира дренажниот канал, што посебно е изразено при влегување во темна соба.
Третманот на овој вид глауком е обично оперативен и успешен. Симптоми на овој вид на глауком се: главоболка, болка во очите, повраќање, појава на виножито околу извор на светлина во вечерните часови, како и многу заматен вид.
ДРУГИ ВИДОВИ НА ГЛАУКОМ
НОРМАТЕНЗИВЕН ГЛАУКОМ
Кај овој тип на глауком oптичкиот нерв е оштетен, иако интраокуларниот притисок не е многу висок (12-22 mmHg).
Висок ризик за оваа болест имаат луѓето со фамилијарна историја на норматензивен глауком.
Третманот на овој глауком е со одржување на очниот притисок на пониски вредности од нормалните со помош на лекови, потоа правење на ласерска интервенција или филтрирачка операција. 
Дијагнозата се поставува со испитување на состојбата на очниот нерв.
Ова се прави на два начина:
• Првиот начин е директно набљудување на очниот нерв со очниот инструментот - офталмоскоп,
• Вториот начин е со испитување на видно поле.
 
СЕКУНДАРЕН ГЛАУКОМ
Тоа се јавува како резултат на повреда на окото, тумор или напреден стадиум на катаракта или дијабетес.
Исто така, може да биде предизвикан од лекови, на пр. долготрајна терапија со стероиди. Третманот зависи од причината што довела до негово создавање и од типот на глауком што настанал, односно дали е со отворен или затворен агол. 
ТРАУМАТСКИ ГЛАУКОМ
Повредите на окото може да доведат до секундарен глауком со отворен агол. Тоа може да се случи веднаш по повредата или неколку години по самата повреда.
НЕОВАСКУЛАРЕН ГЛАУКОМ
Ненормално формирањето на нови крвни садови во ирисот, како и преку дренажа каналчињата може да доведе до овој вид на глауком.
Најчеста причина е дијабетес. 
 
ПЕДИЈАТРИСКИ ГЛАУКОМ ИЛИ КОНГЕНИТАЛЕН ГЛАУКОМ
Педијатрискиот глауком може да е присутен уште при раѓање (конгенитален), да се појави во првите три години од животот на детето (инфанитален) глауком или да се појави во тинејџерските години од животот на детето (juvenile). Најважно кај овие типови на глауком е да се дијагностицираат навремено и соодветно да се третираат за да се спречи настанување на слепило кај детето. Обично лекувањето е хируршко.
Симптоми
Симптоми:
Најчестиот вид на глауком (глауком со отворен агол) претставува покачување на очниот притисок постепено на таков начин што пациентот не чувствува болка или други потешкотии.
Следниве категории на лица се изложени на зголемен ризик од развој на глауком:
• лице над 60 години
• фамилијарна историја за глауком
• кратковидост
 
КОМУ МУ Е ПОТРЕБЕН ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ГЛАУКОМ?
• на возраст од 35 и 40 години: да се направи првиот преглед
• од 40 години: преглед на секои 2-4 години
• од 55 години: преглед на секои 1-2 години.
Третман

Штетата предизвикана од глауком не може да се поправи. Но, третманот и редовните прегледи можат да помогнат во забавување или спречување на губење на видот, особено ако почнете да ја третирате болеста во раните фази.
Глаукомот се третира со намалување на очниот притисок (интраокуларен притисок). Во зависност од вашата ситуација, вашите опции може да вклучуваат капки за очи на рецепт, орални лекови, ласерски третман, хирургија или комбинација од кое било од нив.
Капки за очи
Обично третманот на глауком започнува со препишување на капки за очи. Тие може да помогнат во намалување на притисокот на очите со зголемено истекување на очната водичка од вашето око или пак со нејзино намалено создавање. Во некои сличаи се даваат само едни видови на капки, додека кај други се дава комбинација од повеќе видови на капки за очи. 
Орални лекови
Доколку со капките за очи не се намали очниот притисок до посакуваното ниво, тогаш вашиот лекар може да ви препише и орален лек. 
Хирургија и други терапии
Други опции за третман вклучуваат ласерска терапија и разни хируршки процедури. Со овие техники се подобрува дренажата на течност во окото, со што се намалува очниот притисок.