Bloog-big
Зошто да се оперирате во Промедика офталмологија
1. Имаме најдобри цени во споредба со конкуренцијата;
2. Сoвремена и најнова технологија и апаратура;
3. 3D оперативен систем;
4. Најсовремени интраоперативни леќи Synthesis (француски), Bausch&Lomb (aмерикански) и Physiol (белгиски).
 
ТИП НА ЛЕЌА ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА КОНКУРЕНЦИЈА
Програм ,,Почит на пензионери’’ со квалитетна монофокална  бела леќа;
(леќа со 50% заштита- има филтер за заштита од штетното UV зрачење на сончевата светлина. 33 000 ден. Конкуренција нема таков програм
Монофокална жолта леќа(леќа со 100% заштита, и од UV зрачење и од плавиот дел од сончевата светлина) 40 000 ден. 49.000-55.000
 
Мултифокална,бифокална (EDOF) жолта леќа 52 000 ден.
80.000-92.000 ден.
Мултифокална,трифокална жолта леќа (EDOF) 92 000 ден. 110.000 ден.
 
Значи леќите кои се бели имаат само еден филтер за заштита и тоа од UV светлината,а леќите кои се жолти има два филтри од кои едниот штити од UV а другиот филтер од плавиот дел од сончевата светлина.Плавиот дел од сончевата светлина е штетен за макулата на окото,а таа е делот каде се создава видот.          
 
ОБЈАСНУВАЊЕ:
 
o Со монофокалните леќи пациентот постигнува добар вид на далечина ,а за близина задолжително ќе треба да носи очила.
o Со Бифокалните леќи пациентот добива добар вид на далечина и добар вид на близина без наочари.На близина добро гледа на 50см.
o Со трифокалните леќи пациентот добива добар вид на далечина,и добар вид на близина на 40см и 70см.
 
ВАЖНО :
СО било кој тип на леќа пациентот да е опериран поради тоа што при операцијата се прави отвор од 2.2мм кој дава одредена диоптрија и потребни ќе бидат наочари со мала диоптрија за да се добие идеален вид.
5.Ќе Ве оперира хирург кој има направено околу 15.000 такви операции – др. Наум Трпеноски!
Упатство за операција
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ИНТЕРВЕНЦИЈА НА КАТАРАКТА
 
Секој пациент кој ќе се одлучи за операција на катаракта пред интервенцијата потребно е да направи неколку прегледи.
ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ
 
Потребно е да се направат следниве анализи на крв: oбична крвна слика, со гликемија. Анализите важат ако не се постари од 30 дена.(Можат да ги направат кај својот матичен лекар или во било која лабараторија)
ИНТЕРНИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД
 
Потребно е да се направи преглед со ЕКГ запис,кај својот матичен лекар или било кој специјалист-интернист. Резултатот важи најмногу еден месец пред датумот на кој треба да се оперира пациентот.Интернистот или матичниот лекар треба да се изјасни за евентуалниот ризик или контраиндикациите за оперативен зафат во локална анестезија.
 
Доколку пациентот прима терапија за простата( FLOMAX) koj e алфа блокатор и генеричко име му е Tamsulosin или друго  мора за истото да го информира лекарот кој ке ја врши операцијата.Исто така треба да се прекине со терапијата со Tamsulosin една недела пред операцијата доколку истото не ја влошува здравствената состојба на пациентот. Во Спротивно  интраоперативно ставање на механички пупиларен дилататор кај пациенти кај кои не се шири зеницата поради уоптреба на горенаведените лекови за простата.( Оперативниот ринг кој се вградува изнесува 6000 денари).
 
ПРИПРЕМА
 
Два дена пред закажаната операцијата се капат капки Tobradex, 4х1 на секој 4 саати и тоа во 8h,12h,16h,20h ,во окото кое е за операција.Исто така два дена пред закажаната операција се капат и капки Nevanac 2х1 во окото кое е за операција значи во 08:15h и 20:15h.
 
Исто така оние пациенти кои примаат антиглаукоматозна терапија да продолжат со истата и да не ја прекинуваат пред и после на операција.
 
ДЕНОТ НА ОПЕРАЦИЈА
 
COVID-19
 
Поради новонастанатата пандемија (Ковид 19) со цел да се испочитуваат сите протоколи и да се заштити здравјето на пациентот и медицинскиот персонал,придружба со пациентот не е дозволена при целата предоперативна припрема .
Придружбата ќе биде повикана од страна на медицинскиот персонал само на преглед кај докторот. По завршувањето на интервенцијата, нашата административна служба ќе ве исконтактира за да дојдете по пациентот.
За операција на катаракта предвидено е престој од 2-4 часа во болницата.
Пациентот пожелно е лесно да доручкува на денот од операцијата.
Доколку пациентот има препишано редовна хронична терапија потребно е да ја испие како секој нормален ден
КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ ПО ОПЕРАЦИЈA НА КАТАРАКТА СО ФАКО МЕТОДА
 
1. Пациентот ја вади преврската од окото во 18 часот и повеќе не се затвора окото.
 
2. Почнува да става од капките Tobradex 4x1 капка во окото кое е оперирано и тоа во 18,19,20 и 21 часот. Исто така почнува со капки  Nevanac истиот ден по операцијата во 18:15 и 21:15h.
 
Од утредента продолжува со капките Tobradex 4х1 капка и тоа во 8,12,16 и 20 часот, 30 дена. Потоа исто така со капките Nevanac 2x1  30 дена во 08:15h и во 20:15h .
 
Првиот ден нормално е пациентот да гледа матно, да има црвенило во окото и да чуствува благо пецкање и мали болки во окото.
Пациентот доколку примал капки за очен притисок т.е глауком потребно е веднаш да продолжи со истите капки онака како ги ставал и претходно. Доколку пациентот прима и друга терапија на пр. за крвен притисок, за шеќерна болест и слично продолжува со истата, т.е да ги прима истите капсули, таблети и слично.
3. Нова диоптрија на оперираното око се одредува еден месец по операцијата,до тогаш на окото кое е оперирано не се носат никаков вид на очила со диоптрија. Нашиот оптичар става на тоа око стакло без диоптрија.
4. Во окото не треба да влегува вода во наредните 10 дена. Значи пациентот може нормално да го мие лицето но тоа да го прави со затворени очи. Во нашата поликлиника се продава специјален гел за таа намена NAVIBLEF INTENSIVE CARE, гел за одржување на хигиена на оперираното око постоперативно, штити од инфекции, бактерии (кој изнесува 600 денари).
Дозволено е работење на пареа,подигање на тежина и не е неопходно носено на сончеви очила.
5. Дозволено е умерено гледање телевизија (4-6 часа).
Овие упатства важат еден месец по операцијата и потоа поминувате во нормален начин на живеење.
 
ВАЖНО :
Многу често (речиси кај 30% o д пациентите ) постоперативно кај одреден дел можно е да се појават симптоми на суво око.
Истото претставува појава, а не компликација по операција од катаракта.
 
Во цената на операцијата вклучен е првиот контролен преглед ,кој е на првиот ден после операцијата . Прегледот кој е после 30 дена и на кој се одредува диоптрија се наплаќа -1200 ден.Пакетот со предоперативни испитувања не влегува во цената за операција и чини 3600 денари.
 
Првата Контрола по операција која е наредниот ден ја извршува Др.Наум Трпеноски.
 
Останатите контроли по месец ги извршуват Нашиот Тим од Промедика, а очилата ги одредува нашиот оптометрист.
Видови на интраокуларни леќи
МОНОФОКАЛНИ И МУЛТИФОКАЛНИ ЛЕЌИ
 
Монофокална интраокуларна леќа
1. Synthesis acrylic monofocl (Synthesis SIP) е бела интраокуларна леќа со потекло од француската фирма “CUTTING EDGE”. Содржи еден заштитен УВ филтер и овозможува постперативен вид на далечина, за близина потребно е да се носат очила.
2. Synthesis acrylic monofocal (Synthesis SIPY) е жолта интраокуларна леќа со потекло од француската фирма “CUTTNG EDGE”. Оваа леќа е карактеристична поради нејзините два филтри, УВ филтер и плав филтер и истата леќа овозможува постоперативен вид на далечина, за близина потребно е да се носат очила.
Бифокална интраокуларна леќа
1. Synthesis Pyplus е жолта интраокуларна леќа со продолжен фокус EDOF и е со потекло од француската фирма “CUTTING EDGE” која овозможува одличен вид на две далечини, далечина и близина (50cm). Содржи УВ филтер и плав филтер. Одличен избор за луѓе на кои носењето на очила им претставува непријатност.
Трифокална интраокуларна леќа
1. Premium multifocal, интраокуларната леќа FineVision HP (Gfree) со потекло од белгиската фирма “Physiol” е патентирана мултифкална, хидрофобна, асферична, жолта премиум леќа.  Обезбедува одличен вид на блсики, средни и далечни растојанија. Содржи УВ филтер и плав филтер. Одличен избор за луѓе кои водат активен начин на живот, на кои носењето на очила им претставува непријатност.
Механички пупиларни дилататори
КАКО ВАШАТА ТЕРАПИЈА ЗА ПРОСТАТА ЈА ОТЕЖНУВА ОПЕРАЦИЈАТА НА КАТАРАКТА
 
Повеќе студии во изминатите 25 години откриле дека адекватното почетно проширување на зеницата, како и одржување на дилатацијата за време на операцијата се неопходни за безбедна и ефикасна операција на катаракта. Откриени се бројни компликации поврзани со несоодветна почетна мидријаза или интраоперативна миоза за време на операцијата на катаракта, како што се зголемена инциденца на руптура на задната капсула, загуба на стаклестото тело и кинење на зонуларните влакна. Покрај тоа, постои и зголемен ризик за можно оштетување на ирисот, доколку зеницата не е соодветно проширена за време на операцијата на катарактата. Компликации како што се едем на рожницата и цистоиден макуларен едем може да се појават секундарно на интраоперативна миоза.
Постојат повеќе начини да се реши овој проблем, односно предоперативно кај секој пациент се става терапија во окото за да се прошири зеницата и да се осигури безбедна фако операција. Но, кај пациентите кои примаат хронична терапија за простата, се појавува интраоперативен флопи ирис синдром (ИФИС), па кај овие пациенти зеницата или воопшто не може да се прошири пред операцијата со стандардната предоперативна терапија, или кога операцијата на катаракта ќе започне зеницата автоматски ќе се собере. Операцијата на катаракта на тесна зеница е многу тешка и ризична, бидејќи кај овие пациенти може да се појави било која интраоперативна или постоперативна компликација од веќе наведените.
Но, др. Наум Трпеноски има решение и за овие покомплицирани операции на катаракта и со сигурност може да обезбеди безбедна и сигурна фако операција кај ваквите пациенти.  Постојат повеќе видови на механички пупиларни дилататори кои интраоперативно ја држат зеницата широка, а со тоа ја олеснуваат самата операција на катаракта и се намалува ризикот за појава на компликации. Ваквите механички дилататори се аплицираат на почеток од самата операција на катаракта, а се вадат на крајот на операцијата. 
Некои од ваквите механички дилататори кои ги користиме во Промедика Офталмологија се:
 
 
1. I-Ring дилататор       
 
 
 
2. APX дилататор       
           
 
   
3. Malyugin дилататор 
 
Доколку влегувате во оваа ризична група на пациенти, размислете убаво на кого ќе го доверите вашето око за операција. Не е сеедно кој ќе ве оперира, бидејќи окото се оперира само еднаш! 
Закажете термин за предоперативни испитувања и операција на катаракта во Промедика Офталмологија и др. Наум Трпеноски!
Адреса: Ул. Св. Кирил и Методиј бр.50
Телефон: 02 3122 120 / 071 301 301
E-mail: promedikaoftamologija@gmail.com
Ве очекуваме!