Bloog-big

Витаминот А се наоѓа во многу видови на храна и има голема улога за нашиот вид. За да се види целиот спектар на светлина нашето око треба да да произведе одредени пигменти за мрежницата да работи правилно.Недостатокот на витамин А го запира производството на овие пигменти и настанува ноќно слепило.

Недостаток на витамин А е водечка причина за спречување на слепило кај децата ширум светот. Најчесто ваков витамински дефицит се среќава кај земјите во развој.

Главниот симптом е губење на видот и слепило. Намалениот вид започнува како проблем во прилагодувањето на гледањето во темнина или ноќно слепило. Луѓето со ноќно слепило не гледаат добро во мракот. Како постепено се зголемува дефицитот на витамин А кај луѓето настануваат промени на коњуктивата кои резултираат со сушење, а понатака и формирање на рани на рожницата. Доколку не се постигне навремена дијагноза и третман на крајот сето ова води до трајно губење на видот и слепило.

Недостатокот на витаминот А се третира со додатоци во исхраната. Количината зависи од возраста на детето, додатоците можат да го регулираат ноќното слепило и синдромот на суво око, но не може да се поврати загубениот вид предизвикан од повредите на рожницата.

Превенција се постигнува со урамнотежена исхрана и земање витамински додатоци.