Др. Наум Трпеноски
- Очен хирург
Др. Наум Трпеноски специјализирал офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград, Србија. Работи 12 години во ГОБ 8 Септември и е пионер на операцијата на катаракта со ултразвук во државното здравство.
Ја прави првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија на 6 октомври 2010 година, во Градската општа болница 8 Септември, Скопје. Потоа ги прави првите операции на катаракта со ултразвук во Битола, Куманово и Струмица. Извршуваше операции и во болниците во Прилеп и Штип. Магистер е по здравствен менаџмент и докторант на студии по биомедицина. Во својата кариера има оперирано преку 10000 пациенти од катаракта. По потекло е од Вевчани и е горд на своето потекло.